Адебајор ќе го убиеше противникот (Видео)

Емануел Адебајор од неодамна е член на парагвајскиот тим Олимпија Асунсион, а веќе во третиот меч кој го одигра се најде во главна улога, но не поради некој добар потег. Некогашниот играч на Арсенал, Манчестер сити, Тотенхем и Реал Мадрид, крвнички стартуваше врз еден противнички играч.

На мечот против Дефенсе во Купот Либертадорес, Адебајор направи неверојатен потег кога со ногата директно во главата го удри противникот. За среќа, повредениот играч брзо успеа да се врати на теренот, а Адебајор заслужено доби црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести