Адебајор продолжи да се глупира – Не даде ни банка донација, сега го покажа и луксузот (Фото)

Емануел Адебајор приреди нова глупост во екот на пандемијата си корона-вирусот и објави фотографии од своите лускузни автомобили откако претходно изјави дека нема да донира ниту дел од своето богатство за да помогне во битката со корона-вирусот.

Има одлична колекција од 9 скапи автомобили, но сосема го утна моментот за да потсети и да се пофали со нив. Со изјавите од претходно дека нема да донира ништо за помош во битката за справување со корона-вирусот ги изненади сите, а сега и ги разгневи, особено своите сограѓани во Того.

„Ова ви е мотивација за почеток на неделата. Можете и вие да успеете, само треба да верувате во себе и напорно да работите“, објави на „Инстаграм“ Адебајор.

Во колекцијата со која се пофали има скапи модели на „ролс ројс“, „мерцедес“, „порше“, „бе-ем-ве“ и „ренџ ровер“, кои се само дел од богатството на 36-годишниот фудбалер на Олимпија Асунсион.

 

- Оглас -

Најнови вести