Обамејанг сруши еден важен рекорд на Тјери Анри во Арсенал

Арсенал лесно со 4:0 го победи Норвич во меч на кој блескаше капитенот на домаќините, Пјер-Емерик Обамејанг. Голгетерот од Габон успеа два пати да ја затресе мрежата на противникот, а со тоа да сруши и еден клупски рекорд кој досега беше во сопственост на легендарниот Тјери Анри.

Обамејанг е играчот кој најбрзо стигнал до 50 погодоци во дресот на Арсенал во Премиер лигата. На голгетерот му беа потребни 79 меча за да има на своето конто 51 погодок. Анри до границата од 50 голови стигна во 83 меча, што се четири повеќе од тоа што му беа потребни на Обамејанг.

Кога се работи за најбрзо стигнување на границата од 50 голови во англиското првенство, рекордот го држи некогашниот напаѓач на Њукасл и Манчестер јунајтед, Енди Кол, кому му беа потребни само 65 натпревари за да стигне до 50 голови.

По 32 одиграни кола, Арсенал е на седмото место на табелата со 46 бодови и заостанува осум бода зад Челзи, кој е на четвртото место, последно кое води кон излез во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести