Адем Мекиќ стана седми Македонец кој направил трипл-дабл

Адем Мекиќ, кошаркарот на Пелистер, на денешниот натпревар против МЗТ Уни банка, имаше 21 поен, 12 скока и 11 асистенции, и тоа само за 23 и пол минути игра, правејќи го својот прв трипл-даблл во кариерата.

Мекиќ, кој е поранешен член на МЗТ, против вториот тим на неговиот некогашен клуб го имаше секаде на теренот и беше најзаслужен за триумфот на битолчани од 86-77. За Пелистер, ова е трета победа сезонава, а младите Штркови, кои се единствен тим без странци, уште не знаат за победа во прволигашката конкуренција, па само собираат искуство.

Досега од македонските играчи со трипл-дабл во кариерата може да се пофалат: Горан Главчев, Горан Самарџиев, Тони Симиќ, Никола Караколев, Предраг Самарџиски, Димитар Караџовски и сега Мекиќ. Трипл-даблот на Симиќ е на меѓународен меч и покрај поени и скокови, имаше и двоцифрен број блокади, додека Караџовски направи трипл-дабл играјќи во Исланд. Во нашата прва лига има пет трипл-дабли откако се води компјутерска статистика.

- Оглас -

Најнови вести