Како што му прилега на капитен – Адеми стисна заби и ќе игра против Розенборг

Аријан Адеми стисна заби и вечерва како капитен ќе го предводи Динамо во првата од двете решавачки битки против Розенборг за настап во Лигата на шампионите.

Адеми има проблем со задниот дел на бутниот мускул и не играше против Интер Запрешиќ викендов во меч од хрватското првенство, но изјави дека нема шанси да не игра против Розенборг, вечерва на „Максимир“ од 21 часот.

Динамо е фаворит за победа во Загреб, барем според коефициентите во обложувалниците, а Sport Life нуди 1.60 за единица, 3.85 за реми и 5.80 за победа на гостите од Норвешка.

Ова е прв меѓусебен меч меѓу двете екипи кои се редовни учесници во фазата по групи во Лигата на шампионите или во Лигата на Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести