„Адидас“ шокира: Новите гостински дресови на Арсенал се морбидни (фото)

Во 2018 година Арсенал и „Адидас“ склучија повеќегодишна соработка, а фановите беа прилично задоволни од ганитурата која ја носи екипата во актуелната сезона. Посебно се издвои ретродизајнот на гостинските дресови кои ја понудија носталгијата кај Топчиите, меѓутоа жолтата боја заминува во историјата, а новите гостински униформи изгледаат морбидно.

Иако дизајните за сезоната 2020/21 уште не се официјално обелоденети, на социјалните мрежи се појавија фотографии како ќе изгледа новиот гостински дрес на гигантот од северен Лондон. Белата боја ќе преовладува, а на неа испрскана црвена боја која дава слика како да е разлеана крв.

- Оглас -

Најнови вести