Адис не застанува, гол број 16 сезонава во турската лига за Јаховиќ (Видео)

Анталијаспор води со 1-0 по првото полувреме на средбата со соседот Аланијаспор, а стрелец на голот за домашните беше македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ. За поранешниот македонски репрезентативец, ова е 16-ти гол сезонава во турската лига, а петти в дресот на Анталија, откако есеноска даде 11 за Малатијаспор.

Јаховиќ вечерва даде гол против екипата за која игра Сенегалецот Папи Сисе, најдобриот стрелец во турската лига. Но, барем во првите 45 минути од мечот, голгетерската битка ја добива нашиот Адис кој е трети стрелец во Турција.

https://twitter.com/i/status/1282380669361049600

- Оглас -

Најнови вести