Аеродром ќе гори, јубилејна десетта шампионска титула за МЗТ Скопје 

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја продолжуваат доминацијата во македонската кошарка и по десетти пат се шампиони, а од 2019 година пехарот не ги напушта витрините на тимот од Аеродром.

МЗТ Скопје стана вториот македонски тим со двоцифрен број на шампионски пехари во своите витрини, покрај Работнички кој има пет повеќе.

Металците во финалната серија со 3-0 во победи го совладаа Пелистер, а шампионскиот пехар го кренаа во Битола. По двете победи во СЦ Јане Сандански (84:64 и 75:67), МЗТ Скопје вечерва славеше со 92:83 .

Првото полувреме помина во израмнета игра на двата тима, Пелистер беше подобар во првата четвртина која ја доби со 24:21, додека МЗТ Скопје ја доби втората со 15:20.

Одлучувачка за победникот беше третата четвртина која Металците ја добија со 18:27 и во последните десет минути влегоа со двоцифрена предност (57:68). Битолчани се обидоа да се вратат во игра, на три минути до крајот намалија на 72:79, но МЗТ Скопје со пет поени по ред ги реши дилемите околу победникот и на крајот славеше со 83:92.

Војдан Стојановски беше најдобар играч со 33 постигнати поени, додека Вер даде 16. Кај Пелистер, Карутерс даде 18 поени.

- Оглас -

Најнови вести