Ајакс ќе ја заврши сезоната без трофеј, ПСВ по пенал рулетот дојде до трофејот во Купот на Холандија

Фудбалерите на ПСВ Ајндховен се освојувачи на Купот на Холандија, откако во финалето го совладаа големиот ривал Ајакс и тоа по подобро изведување на пенали.
Откако по 120 минути немаше победник (1:1), победникот беше одлучен во пенал рулерот кој му припадна на ПСВ со 3:2.

Пенал серијата ја отвори капитенот на Ајакс, Душан Тадиќ кој беше прецизен, како и Азар на спротивната страна. Во втората и третата серија, фудбалерите на двата тима не беа прецизни, а во четвртата погодија и Годтс и Ел-Гази.

Петтата серија ја отвори играчот на Ајакс, Алварес кој промаши, по што Силва го совлада голманот на Ајакс, Рули, и му донесе триумф на ПСВ. ПСВ го освои Купот и минатата сезона. За прв пат по 2009 година, победникот во Купот на Холандија беше одлучен преку пенал рулетот.

Во регуларниот дел од натпреварот беше 1:1, Ајакс поведе во финишот од првиот дел преку Бергвајн. ПСВ израмни во 67-та минута преку Торган Азар.

- Оглас -

Најнови вести