Ајакс „намириса“ уште еден голем талент, летово ќе пристигне во Амстердам

Ајакс од Амстердам е познат како клуб кој е расадник на млади таленти кои подоцна станале големи играчи. Холандскиот гигант и ова лето планира да лансира уште еден талент, а тоа е Бени Траоре.

Релативно непознатиот напаѓач сезонава играше во дресот на Хакен во Шведска и имаше одлична сезона. Во 16 натпревари, Траоре постигна 13 гола покажувајќи дека се работи за голем талент.

Ваквите игри на Траоре не останаа незабележани од скаутите на Ајакс, кои веднаш контактираа со челниците на Хакен за да го доведат 20-годишниот голгетер во Амстердам. Траоре има договор со Хакен до 2026 година, а неговата вредност моментално се проценува на еден милион евра, но Хакен сигурно ќе се обиде да добие многу повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести