Ајакс за мечот против Реал го распродаде целиот стадион, но и плус 17.000 карти за гледање во сала

Ајакс ќе игра против Реал Мадрид во Амстердам на 13-ти февруари, во рамките од осминафиналето на Лигата на шампионите, а веќе нема билети за следење во живо на овој меч. „Јохан Кројф арената“ е целосно распродадена и се очекува домаќините да имаат поддршка од 55.000 гледачи.

Поради огромниот интерес за карти, Ајакс реши да изнајми сала во која ќе организира групно гледање на мечот. Се работи за сала која има капацитет од 17.000 гледачи, каде што на голем екран ќе се гледа дуелот на Ајакс против актуелниот европски првак. За ова заедничко гледање, навивачите ќе платат само по 20 евра. Пред почеток на натпреварот ќе има музички хепенинг, а најавено е и присуство на легендата на Ајакс, Рафаел ван дер Варт.

Ајакс во групната фаза од Лигата на шампионите заврши на второто место, а ждрепката сакаше за противник да го добие Реал, кој три сезони по ред доминира во најквалитетното натпреварување во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести