Ајакс сака пехар и реванш за ланската бламажа, Баерн чека десетка во Суперкупот на Германија

2501 Алесунд – Бодо Глимт (Норвешка, 16 часот)

Шампионот на Норвешка се разбуди по лошиот старт во домашното првенство и на последните два меча на два различни фронта постигна дури 13 гола, а не прими ниту еден.

Во реванш мечот од квалификациите за ЛШ го декласира Линфилд со 8:0, а претходно му ја наполни мрежата и на Јерв со петарда на меч од домашното првенство.

Алесунд знае како е кога Бодо ќе се разигра, бидејќи преклани загубија на гости кај првакот со 7:0.

Имаат и еден пораз од 1:6, а загубија 7 меча по ред во меѓусебните средби, па ќе типуваме дека победничката серија на гостите ќе продолжи.

Предлог тип: 2 (1.70)

 

2702 ХЈК Хелсинки – Мариехам (Финска, 16 часот)

Најтрофејната екипа во Финска доживеа катастрофа во двомечот со Плзењ и е елиминирана од квалификациите за ЛШ со вкупен резултат од 1:7.

Сега за утеха им останува да се обидат во Европа Лигата против Марибор, а мора да мислат и на домашното првенство, каде Купс им бега три бода со меч помалку.

Мариехам игра скромно, има само 15 бода по 15 кола и се бори за опстанок, но денеска нема шанси против големиот фаворит.

Предлог тип: 1&3+ (1.83)

 

1651 Ајакс – ПСВ Ајндховен (Холандија, Суперкуп, 20 часот)

ПСВ го растури Ајакс во ланското издание на холандскиот куп и славеше со 4:0 на теренот на противникот.

Сега Ајакс ќе сака реванш, повторно на свој терен, на „Јохан Кројф арена“ за да го освои првиот пехар во сезоната.

Се игра само еден меч и мора да има победник и освојувач на пехарот денеска.

Ајакс направи многу промени во тимот, а си замина и тренерот Ерик Тен Хаг, па ова ќе биде официјално деби за Алфред Шрудер на кормилото на Копјаниците од Амстердам.

ПСВ исто така го промени тренерот, па сега легендарниот Руд Ван Нистелрој ќе се обиде да ги доведе Филиповци до првиот трофеј во сезоната.

Двете екипи имаат одлични напаѓачи, даваат и примаат доста голови и ќе типуваме дека ќе има најмалку четири гола.

Предлог тип: 4+ (2.40)

 

1611 Лајпциг – Баерн (Германија, Суперкуп, 20.30 часот)

Баерн има неверојатна низа од 10 едноподруго учества во Суперкупот на Германија, односно во битката за првиот пехар во сезоната.

Баварците ќе играат по 11-ти пат едноподруго за трофејот во германскиот Суперкуп, а денеска му се гости на Лајпциг на „Ред Бул“ арена.

Ќе биде интересно по долг период да се гледа Баерн без Роберт Левандовски во составот, но тука сега е Садио Мане.

Лајпциг го задржа костурот на тимот со мали промени и ќе се обиде да го изненади рекордерот и 9-кратен освојувач на пехарот и да стаса до првиот трофеј во Суперкупот на Германија.

Предлог тип: 3+ (1.60) Супер тип на Sport Life

 

3143 Вараждин – Хајдук (Хрватска, 21 часот)

Вараждин знае да го изненади Хајдук и има две убави победи на последните пет меча, иако гигантот на хрватскиот фудбал, Хајдук има многу повеќе успеси во меѓусебните дуели.

Преклани Вараждин испадна од Првата лига на Хрватска, но и експресно успеа да се врати во ХНЛ.

Сега амбициите се да се обезбеди опстанок, а стартот во новата сеона не им е лош и имаат по една победа и пораз.

Хајдук има високи цели и конечно сака да го сопре проклетството без домашна титула што трае од 2005 година.

Гостите се поквалитетни, имаат и подобри индивидуалци, а и не смеат да губат бодови од екипи од калибарот на Вараждин во трката за титулата со Динамо, Риека, Осиек…

Предлог тип: 2&1+I&1+II (2.19)

 

- Оглас -

Најнови вести