Калифорниските „ајкули“ силно ќе гризат за водство од 2-0

Отсуството на кошаркарски мечеви од плејофот во НБА лигата не значи дека нема на што да се прогнозира за вечерва после полноќ. Синоќа само еден скок кај центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, фалеше за добитен тикет.

 

Сан Хозе шаркс – Сент Луис блуз (03.00 часот)

Сан Хозе го доби првиот меч од западното финале во НХЛ со 6-3, а денеска ќе се обиде да го повтори успехот, иако веројатно ќе му биде потешко бидејќи гостите ќе бидат помотивирани и нема да сакаат да се најдат во негатива од 0-2. Не треба да се очекуваат девет гола. Сан Хозе ги доби последните четири меча дома против Блуз, од кои три во регуларниот дел, а еднаш со златен гол.

Предлог тип: 1 (2.25)

 

Универзидад Католика – Олмедо (02.15 часот)

Во овој меч од еквадорското првенство, фаворити се домашните, кои играат во добра форма и имаат три победи по ред. Од последните 15 средби, У. Католика има само едно реми, а Олмедо две, па тука не би требало да заврши нерешено. Меѓусебните дуели не се толку важни, бидејќи овие тимови не играле еден против друг уште од октомври 2014.

Предлог тип: 1 (1.58)

 

Толима – Депортиво Кали (02.45 часот)

Ова е пресметка од втората фаза (Апертура квадрангулар) во колумбиската лига. Во првата фаза (Апертура), Толима беше трета, а Депортиво втор на табелата, и сега продолжуваат битка за титулата. Толима која учествува и во Копа Либертадорес, пет меча по ред не знае за победа дома, но имаше четири нерешени. Лани, тимот од Кали славеше со 1-0.

Предлог тип: 2-3 гола (2.00)

 

Гуарани – Виторија (01.00 часот)

Во бразилската Серија Б, Гуарани ја бара својата прва победа сезонава (ова е меч од трето коло) откако во првите две рунди освои еден бод и уште нема постигнато гол. Виторија во воведните две кола имаше по една победа и пораз, со гол разлика 3-4. Последните шест меѓусебни дуели на овие екипи беа неефикасни, со 0-2 гола.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.70)

- Оглас -

Најнови вести