Ако Ериксен не може да ја продолжи кариерата, Интер ќе го побара Ван де Бек

Интер ќе побара од Манчестер јунајтед да им го позајмат Дони Ван де Бек, доколку Кристијан Ериксен не е во можност да ја продолжи кариерата.

Данецот Ериксен вчера имаше операција со која му беше вграден дефибрилатор за регуларција на ритамот на срцето, и неговата иднина како професионален фудбалер е неизвесна. Во Италија има стриктни протоколи со кои се забранува да играат фудбалери со дефибрилатори, па актуелниот италијански првак почнува да бара замена за Ериксен кој игра во средниот ред.

Прв на листата на желби им е 24-годишниот Ван де Бек, кој лани од Ајакс прејде во Манчестер јунајтед за 39 милиони евра, но не ги оправда очекувањата, и на 36 настапи имаше само еден гол и две асистенции, а повредата го спречи да игра на ЕП во дресот на холандската репрезентација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести