Ако Гриезман потфрли во Барса, однапред се знае кој ќе биде „виновен“

Долга е листата на фудбалери на Барселона кои го носеле дресот со бројот 17, а не одиграле ништо посебно и не оставиле голема трага во клупската историја. Нова 17-ка во каталонскиот гигант е нивната нова ѕвезда Антоан Гриезман, па веќе почнаа стравувања кај суеверните фанови на Барса дека и Французинот нема да се прослави.

Последен играч кој ја носеше 17-ката беше Џејсон Мурилјо, кој беше позајмен од Валенсија и не се избори за место во тимот. Пред него, „малерозната“ 17-ка ја носеа Пако Алкасер, Мунир, Сонг, Педро, Џовани дос Сантос, Ван Бомел, Мендиета, Кристанвал, Пети, Богард и Амунике.

Досега Гриезман носеше дрес број 7 и во француската репрезентација и во Атлетико, а оваа бројка во Барса е зафатена од Филип Кутињо, за кого се зборува дека може да си оди.

Марк ван Бомел и Педро се исклучоци, тие оставија некаков печат во клубот, додека другите потфрлија и се покажаа како лоши инвестиции.

- Оглас -

Најнови вести