Ако има противкандидат на изборите, Флорентино Перес ќе вети три трансфери?

Добро информираниот шпански новинар Мигел Серан, објави дека ако на претседателските избори во Реал Мадрид има противкандидат, актуелниот прв човек на Кралскиот клуб, Флорентино Перес, ќе вети доведување на аргентинскиот фудбалер за врска кој во моментов игра во Челзи, Енцо Фернандес.

Освен Енцо, столбови на кампањата на Перес ќе му биле и враќање на Жозе Мурињо како тренер и на Тони Крос кој би имaл функција во менаџментот одговорен за спортскиот дел, објавува Серано.

Како можен противкандидат на Перес се спомнува Енрике Рикелме, а со оглед на тоа со кои луѓе би бил опкружен тој, најверојатно Мурињо во тој случај нема да биде новиот тренер на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести