Ако ја мине Мура, Шкендија веројатно оди на Лудогорец!

Македонскиот првак Шкендија на вчерашната ждрепка ја доби словенечка Мура како противник во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите во фудбал, а денеска тетовци го дознаа својот можен ривал за второто коло, ако ја елиминираат Мура.

Доколку успее да се пласира во следната, втора фаза, Шкендија ќе игра со подобриот од дуелот Лудогорец – Шахтјор Солигорск, што значи дуел против бугарскиот или белорускиот првак. Секако, Лудогорец е многу поатрактивно име и добро би било Шкендија да се избори за пресметки со клуб кој има играно и во групната фаза на ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести