Ако може Алисон да биде кандидат за фудбалер на годината, може и Мане

Головите на Лионел Меси за Барселона или трофеите на фудбалерите на Ливерпул ќе бидат клучни во трката за Златната топка за фудбалер на годината. Ако лани Лука Модриќ ја прекина доминацијата на Меси и Кристијано Роналдо, годинава членовите на Ливерпул се сериозни кандидати.

Како најсериозен противкандидат на Меси се спомнува дефанзивецот Вирџил ван Дајк, но сега на листата се приклучуваат и голманот Алисон Бекер и напаѓачот Роберто Фирмино, кои освен Лигата на шампионите, ја освоија и Копа Америка со селекцијата на Бразил. Континентална титула со националниот тим може да освои и Садио Мане, кој в петок со Сенегал ќе игра финале на Африканскиот куп на нациите.

Досега Џорџ Веа е единствениот Африканец кој бил фудбалер на годината. Мане имаше 26 гола и пет асистенции во дресот на Ливерпул, имаше голем придонес, па би можел да се вмеша во битка за подиумот при изборот за играч на годината.

- Оглас -

Најнови вести