Ако не е шега, објавен изгледот на дресовите на Манчестер јунајтед за следната сезона (Фото)

Манчестер јунајтед во следната сезона би можел да има многу необични дресови, далеку поразлични од тие што ги користеше тимот во оваа сезона. Производителот „Адидас“ се погрижи да изработи дресови за Јунајтед, а некои медиуми го објавија нивниот изглед. Не знаеме дали е само предлог или веќе е одобрено да играат во тие дресови, но ако играат во нив, дефинитивно ќе бидат предмет на многу коментари.

Во првата и главна гарнитура, се разбира доминира црвената боја, но интересни се жолтите и црните детали на предната страна на дресот, додека кај рамената ги има трите линии како заштитен знак на компанијата која го направи дресовите.

Вториот дрес е во темно-зелена боја.

Најголемо внимание предизвикува третиот „зебра“ дрес. Доминираат црно-бели линии во разни правци, а црвената боја е само споредна и го разбива лавиринтот како од игрите за илузија.

- Оглас -

Најнови вести