Ако не си тенисер, не можеш да освоиш ниту поен против Серена (Видео)

Разликата во квалитет помеѓу машките и женските тенисери постои и таа е прилично голема, но тоа не значи дека некои мажи кои не се професионални тенисери можат да бидат рамноправни со некои од најдобрите тенисерки на светот.

Според една анкета, секој осми маж во Велика Британија смета дека може да освои поен ако игра тенис против Серена Вилијамс, која е една од петте најдобри тенисерки во историјата. На снимката подолу се гледа дали еден маж кој не тенисер навистина може да освои поен против неа.

Петмина мажи кои не се тенисери, а се фалеа дека можат да освојат поен против Серена Вилијамс, се уверија дека не се во право. Таа им сервираше на сите, не само што не успеаја да се одбранат, туку и треба да бидат среќни што не беа повредени.

Во еден момент, Американката се најде против петмина мажи од другата страна на теренот, а откако во игра „еден против пет“ припадниците на посилниот пол успеаја некако да го вратат топчето во полето на Серена, таа со смеч го освои поенот.

https://twitter.com/i/status/1152288508939243521

- Оглас -

Најнови вести