Ако не сте сигурни дека топката ќе оди кон голот, не шутирајте од пола терен (Видео)

На еден натпревар од аматерската Есекс и Сафолк бордер лигата во Англија, се случи една смешна ситуација, која беше снимена од камерите на присутните. Фудбалер се обиде да даде гол од половина терен, виде дека голманот е истрчан многу напред и сакаше да го искористи тоа.

Но, шутот беше многу лош, топката заврши далеку од голот, а чуварот на мрежата кога виде дека нема да биде измамен, го почести со гестикулација, поточно само го крена средниот прст и му го покажа на противничкиот играч.

- Оглас -

Најнови вести