Ако не „убие“ некого од линиските судии, Ѓоковиќ сигурно ќе победи убедливо

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, вечерва ќе игра против Пабло Карењо Буста од Шпанија во меч од четвртфиналето на Ролан Гарос. За разлика од Рафаел Надал, кој играше доцна синоќа во ноќта, Ѓоковиќ нема да има таков проблем затоа што дури и во случај дури и да заврне, теренеот на стадионот „Филип Шатрије“ е затворен и ќе се игра без проблем.

Точно пред  еден месец, Ѓоковиќ имаше кошмар на дуелот против Пабло Карењо Буста. Во осминафиналето на Отвореното првенство на САД, Ѓоковиќ нервозно удри една топка, која заврши во вратот на една од линиските судијки. Поради тој потег, Ѓоковиќ беше елиминиран и не успеа да ја одбрани титулата во Њујорк.

Сега Ѓоковиќ повторно ќе игра против Пабло Карењо Буста, овојпат во четвртфинален дуел на гренслем. Србинот кој трипати го има победувано следниот ривал, се надева само да нема непромислен потег и малерозен удар кој би бил кобен за негова нова бизарна елиминација. Доколку такво нешто не се случи, ќе биде вистинско чудо Новак да не се пласира во полуфиналето во Париз.

 

- Оглас -

Најнови вести