Ако некој се чуди зошто Меси ја доби Златната топка – фактите кажуваат сѐ

Лионел Меси по рекорден шести пат ја доби Златната топка. Според многумина, Аргентинецот сосема заслужено ја доби највредната индивидуална награда, додека други се сомневаат дека тоа е исправна одлука и дека некој друг требаше да ја освои Златната топка.

Да нема дилеми дали ја заслужил или не наградата, има факти кои покажуваа што направил Меси во изминатиов период:

* Најдобар стрелец во Европа

* Најдобар стрелец на Барселона

* Најдобар стрелец во Лигата на шампионите

* Најдобар стрелец во Примера дивисион

* Најдобар асистент во Барселона

* Најмногу награди за играч на мечот во Примера

* Најмногу награди за играч на мечот во Лигата на шампионите

* Најмногу креирани шанси

* Играч кој учествувал во најмногу акции за погодоци во топ 5 лигите

* Донел најмногу поени за својот тим во топ 5 Лигите

* Најмногу погодоци од слободен удар

* Најмногу хет-трика

* Играч со најмногу награди за најдобар во тековното коло во ЛШ

* Најдобар напаѓач во ЛШ

* Награда за најдобар гол во ЛШ

* Најмногу погодоци надвор од шеснаесетникот

* ФИФА играч на годината

* МВП на шпанска лига

По сите овие признанија, остварувања и награди, Меси од синоќа е носител и на рекордната шеста Златна топка.

- Оглас -

Најнови вести