Ако Валенсија не се пласира во нокаут фазата, виновен ќе биде Родриго (видео)

Во мечот меѓу Валенсија и Челзи императив за двете екипи беше само победа. Сепак, Лилјаците и Сините ремизираа при конечни 2-2 во драматичниот дуел на „Месталја“, што уште повеќе ги искомпликува работите во битката за местата кои водат во нокаут фазата од ЛШ.

И двете екипи пропуштија голем број на шанси за погодоци, а најголемата прилика ја пропушти Родриго во петтата минута од судиското надополнување. Наместо Валенсија да поведе со 3-2 и да дојде на прагот до пласман, Родриго на два метри од голот промаши по нафрлувањето на Гаја, па доколку шпанскиот тим не обезбеди пласман во осминафиналето, сите ќе го обвинат шпанскиот репрезентативец.

https://www.youtube.com/watch?v=K4ArPwEcRzw

- Оглас -

Најнови вести