Акробатски скок и страшни ножички – Ваков гол и на тренинг изгледа моќно (Видео)

Никола Крстовиќ е идната надеж на Црвена Ѕвезда, има само 20 години, а голот што го постигна на тренинг беше неверојатно ефектен.

Со акробатски скок, Крстовиќ летна во воздухот и со ножички постигна супер-атрактивен гол. Погодокот на 20-годишниот напаѓач на Црвена Ѕвезда можете да го погледнете ОВДЕ.

Крстовиќ сезонава само еднаш беше стартер во составот на Црвена Ѕвезда, а одигра вкупно пет меча, но по атрактивниот погодок на тренинг можеби ќе добие и поголема минутажа од Дејан Станковиќ.

Црвено-белите задутре ќе играат со Либерец во последното коло во фазата по групи во Европа Лигата, а веќе имаат обезбедено настап во следната фаза.

Мечот во Либерец ќе се игра од 21 часот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести