Аксел Рејмонд е победник на охридскиот маратон, Поп-Ацев пливаше одлично за трето место

Светскиот првак од 2019 година, Аксел Рејмонд од Франција е победник на охридскиот маратон што се одржа денеска, традиционално во нашиот туристички бисер, а одличен успех забележа и надобриот македонски маратонец Евгениј Поп Ацев со пласман на третото место.

“Задовлен сум, иако имаш шанса и за победа. Имаше одличен финиш и добра трка. Третото место е добар пласман за мене. На почетокот имав проблеми, но ги надминав. Аксел е одличен пливач и заслужено мина прв низ целта. Условите за маратон во Охрид како и секогаш беа беспрекорни. Едноставно овде е за уживање да се плива. Сега ќе се подготвувам за следните трки, бидејќи овој циклус на натпреварување ќе биде многу интересен и неизвесен“, изјави Поп Ацев.

Меѓу нив, како втор трката ја заврши Едуардо од Италија. Кај дамите прва низ целта мина Оушн Касињол од Франција.

Ова беше првата трка од серијата Ултра-маратони на 25 километри.

 

 

- Оглас -

Најнови вести