Аларм за Бундеслигата: тројца членови на Келн се заразени од коронавирусот

Играчите, стручниот штаб и други вработени во фудбалскиот клуб Келн, беа тестирани на коронавирусот, и три од тие тестови биле позитивни. Од клубот не ги објавија имињата, само се знае дека според протоколот, тие ќе бидат третирани како повредени и ќе бидат спроведени во 14-дневен домашен карантин, бидејќи позитивните немаат симптоми и се чувствуваат добро. Екипата ќе продолжи да тренира, што значи дека заразените можеби и не се фудбалери.

Бундеслигата е прва од големите европски лиги која би можела да почне, се чека дозвола од властите, за продолжување на сезоната на 16-ти мај, но веста од Келн може да биде чекор назад.

Келн е на 10-то место на табелата во германското првенство. Тимот почна да тренира на 6 април, се почитуваат хигиената и останатите мерки за спречување на ширење на заразата.

- Оглас -

Најнови вести