Алавес го претстави својот нов тренер кој ќе ги води на дуели со Реал Мадрид и Барселона

Хуан Рамос Муњис е новиот тренер на шпанскиот прволигаш Алавес. Тој на финкцијата го наследува Асиер Гаритано, кој беше разрешен вчера после петтиот пораз по ред на Алавес во Ла Лига. Баскискиот тим на четири кола до крајот, има шест бода над зоната на испаѓање, но не е сосема безбеден бидејќи в петок му претстои тежок меч кој реално би требало да го загуби, а во последното коло ја пречекува Барселона која истотака можеби до последното коло ќе биде во игра за титулата.

Муњис е бивш тренер на Малага и Леванте, а во периодот од 2010 до 2014 година бил помошник во украински Днепар. Тој своето деби на клупата на Алавес ќе го има на гостување кај Реал Мадрид, кој е лидер и се бори за титула. Договорот му е до крајот на сезонава која завршува месецов.

Сепак, со нов тренер кој ќе ги мотивира играчите, Алавес ќе се обиде да изненади во Мадрид, или барем да остави добар впечаток, а опстанокот да си го обезбеди во некое од последните три кола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести