Алавес играше со Валенсија две недели по гостувањето на Лилјаците во Милано

Тимот на Алавес објави дека тројца нивни фудбалери и повеќе членови на клубот се заразени од Kоронавирусот и станаа вториот прволигашки клуб од Шпанија со заболени фудбалери. Првиот е Валенсија, која исто така има голем број заразени, па на Пиринејскиот Полуостров се сомневаат дека ја најдоа причината зошто токму овие два клуба се зафатени.

Сè почна на 19 февруари, со гостувањето на Валенсија во Милано, град кој беше зафатен од епидемијата. Таму Лилјаците играа со Аталанта, но проблемите почнаа подоцна. До објавувањето дека Езекиел Гарај е заразен, помина доста време. Сепак, на 6 март, две недели (пред крајот на периодот кој се препорачува за изолација) по гостувањето во ризичниот Милано, Валенсија играше со Алавес. Тоа е последниот меч за двата тима во Ла Лига.

Денеска, 12 дена по тој меч, во Алавес има 15 болни. Треба да се знае и дека Гарај, кој прв беше позитивен од Валенсија на тестирањето, не беше во Милано. Сами проценете дали тоа што токму Алавес и Валенсија се најзагрозени е случајност или не.

- Оглас -

Најнови вести