Алегри: Атлетико те принудува да играш лошо

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, по загубената битка, но не и „војна“ со Атлетико Мадрид, рече дека неговиот тим тешко се снаоѓал против стилот на игра на „јорганџиите“.

„Не сум задоволен ниту од играта, ниту од резултатот. Не е коректно да се каже дека не сме се труделе. Кога играш со ваков агресивен и сконцентриран противник, не смееш да грешиш и мора да бидеш трпелив. Сега треба да го смениме чипот, да го заборавиме овој меч и да се подготвиме за тој во Торино. Треба да легнеме да спиеме и мечот да го оставиме зад себе. На реваншот мора да играме побрзо, со повеќе жар и да бидеме попрецизни во додавањата“, изјави Алегри.

Атлетико победи со 2-0, а резултатот можеше да биде и уште полош за Италијанците.

„Знаевме дека Атлетико нема многу да греши. Тие не ти даваат простор за игра, те принудуваат да играш лошо. Кога ние го правиме тоа, ни викаат дека сме биле типични Италијанци. Имавме две шанси, не ги искористивме. На Атлетико нема да му биде проблем да се брани 85 минути и да ја чека својата шанса, но ние веруваме дека можеме да се пласираме понатаму“, додаде Алегри, кој заклучи дека Кристијано Роналдо играл добро и дека правеле тимски грешки.

- Оглас -

Најнови вести