Алегри бесен на играчите: Вие играте за Јувентус. Еб*ете се! (Видео)

Јувентус за првпат во последните 60 години е без ниту една победа во првите четири кола во Серија А. Старата дама во последниот меч на дербито против Милан имаше водство со 1:0, но на крајот заврши нерешено 1:1. Само со два бода од четири меча, Јувентус е во зоната за испаѓање, а тренерот Масимилијано Алегри очигледно дека беше многу бесен на своите играчи.

Тренерот кој има освојувано многу титули во Јувентус, заминувајќи кон соблекувалната по дуелот со Милан беше фатен на камера како пцуе. „Еб*те се, па вие сте играчи на Јувентус“, бесно викаше Алегри.

И на интервјуто по мечот, Алегри откри дека ситуацијата во тимот не е најсјајна и дека дошло до расправии во соблекувалната. Голманот Шченсни го обвини Рабиот дека е виновен за примениот гол, а потоа морал да се вклучи и Алегри.

Јувентус веќе утре го чека нов предизвик, и тоа на гости кај Специја, што ќе биде нова шанса за најтрофејниот клуб во Италија да стигне до првиот триумф во новата сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести