Алегри: Бев многу лут, во соблекувалната никој не славеше за победата

Јувентус стигна до првата победа сезонава во Лигата на шампионите откако со 3:1 славеше над Макаби Хаифа. Со овој триумф, Јувентус ги враќа надежите дека на крајот сепак може да стигне до едно од првите две места на табелата, кои носат во нокаут-фазата.

И покрај победата, тренерот на Старата дама, Масимилијано Алегри, беше многу лут и тоа затоа што гостите имаа многу шанси да израмнат на 2:2, па Израелците дури трипати ја погодуваа стативата.

„Бев многу лут по завршувањето на средбата затоа што во последните 15 минути едноставно не можевме мирно да го одиграме мечот. Можевме да победиме со 5-6 гола разлика, но примивме гол и тогаш се уплашивме. Играчите беа свесни каков беше мечот, па кога влегоа во соблекувалната, немаше славење туку владееше тишина. Тоа е знак дека се свесни што се случи“, вели Алегри.

Јувентус беше во криза и имаше пет меча без победа, но гигантот од Торино полека се враќа во посакуваниот ритам откако со 3:0 славеше над Болоња во првенството, а сега беше подобар и од Макаби Хаифа.

- Оглас -

Најнови вести