Алегри е фаворит за тренерското место во Интер, судбина му е да го менува Конте

По завршувањето на сезонава во Серија А, Интер ќе се раздели со тренерот Антонио Конте, и клубот ќе се обиде да го ангажира стручњакот Масимилијано Алегри кој е без работа. Барем така тврдат некои италијански медиуми. Веста беше неубедливо демантирана, па новинарите цврсто стојат на тоа дека сепак Алегри е прва цел на Интер.

Интер ќе игра во Лигата на шампионите во следната сезона, но нема шанса за титула, губеа бодови против Сасуоло, Болоња и Верона, и тоа придонесе за влошување на атмосферата во клубот. Конте најавил дека сам ќе си оди ако не му бидат исполнети желбите и ако во преодниот рок не се донесат засилувањата кои ги бара.

Управата веќе „го мерка“ Алегри кој е екс тренер на Милан и Јувентус, двата најлути ривали на Интер. Интересно е што Алегри во 2014 година кога го презеде Јуве, истотака дојде на местото на Конте кој во тоа време исто како сега, се жалеше на слаба финансиска поддршка од клубот.

Алегри може да стане третиот тренер во историјата кој ги водел Јуве, Милан и Интер. Досега таква чест имале само Џовани Трапатони и Алберто Ѕакерони.

- Оглас -

Најнови вести