Алегри: Како што ја почнавме сезоната, ова реми против Милан е премија

Милан и Јувентус одиграа 0:0 вчеравечер во дербито на Италија. Иако се очекуваа голови, на теренот немаше ниту една посериозна шанса за некоја од екипите да дојде до посериозна предност.

Тренерот на гостите, Масимилијано Алегри, е задоволен од резултатот и извадениот бод на ова гостување.

„Како што ја почнавме сезоната, овој бод против Милан за нас е премија, а се надевам дека со добрите игри ќе продолжиме и во февруари.

Мило ми е бидејќи момците играа како тим и одлично се бранеа и успеавме да го задржиме противникот на истата бодовна граница од седум бодови“, изјави Алегри.

- Оглас -

Најнови вести