Алегри: Никому не му го посакувам тоа што му се случуваше на Јувентус сезонава

Лигата на шампионите во следната сезона ќе биде осиромашена со отсуството на најтрофејниот италијански клуб, Јувентус, а главна заслуга за тоа има незаконското финансиско работење на челниците на клубот, поради кое Старата дама беше казнета со одземање на девет бода.

По поразот од Милан, дефинитивно е дека Јуве нема да игра во ЛШ за првпат по сезоната 2011/2012. Да не им беа одземени бодовите, ќе беа во игра за учество во елитното европско натреварување.

„Им се заблагодарив на играчите за одличната сезона која треба лесно да ја завршиме во Удине. Горд сум на нив. Никому не му посакувам да му се случи тоа што нам ни се случуваше со одземање бодови, па враќање и повторно одземање. Велат сме потфрлиле, но на терен освоивме 69 бода. Со 69 бода ќе бевме трети, стигнавме и до полуфинале во Лигата на Европа и Купот на Италија“, изјави Алегри.

Алегри додаде дека за нив сезоната завршила на гостувањето во Севилја од Лигата на Европа и дека тоа бил меч по кој ја загубиле менталната енергија.

- Оглас -

Најнови вести