Алегри почна да учи англиски јазик

Поранешниот тренер на Јувентус и Милан, Масимилијано Алегри, планира брзо да се врати во тренерските води откако по крајот на минатата сезона ја напушти клупата на Старата дама. Наводно, Алегри почнал да учи англиски јазик, што навестува дека се подготвува да се обврзе со англиски клуб.

Италијанскиот стратег, кој освои четири последователни титули со Јувентус во Серија А и една со Милан, наводно е прв кандидат да го замени Оле Гунар Солскјер на клупата на Манчестер јунајтед. Под водство на Норвежанецот, Црвените ѓаволи го имаат најслабиот старт на сезоната во изминативе 30 години, а англиските медиуми тврдат дека како што изминува времето, Солскјер е сè поизвесен да добие отказ иако во март годинава потпиша тригодишен договор.

Доколку се оствари ова сценарио, челниците на Јунајтед дефинитивно ќе посегнат по Алегри, кој не би имал проблем да го прифати предизвикот и во случај клубот да не обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести