Алегри е шеф во Јуве: Роналдо почесто ќе седи на клупа, Бонучи не може да биде капитен!

Кристијано Роналдо и тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, имале разговор, во кој шефот му кажал на играчот дека во претстојната сезона ќе има поголема одговорност, но и дека нема да може да игра на сите мечеви, како што сака Португалецот.

„Роналдо е фантастичен играч и паметно момче. Разговарав со него и со останатите играчи. Му реков дека сум среќен што повторно го сретнав. Во добра форма е. Тој сега има поголема одговорност, во тимот имаме доста млади играчи. Има голем број натпревари, па ќе има и повеќе ротации, и најголемите ѕвезди ќе мора да седат на клупа“, рече Алегри, кој откри и дека одбил понуда од Реал Мадрид.

Договорот на Роналдо со Јуве истекува следното лето.

Алегри даде интересна изјава и околу тоа дали Леонардо Бонучи ќе биде капитен.

„Ако Лео сака да има капитенска лента во Јуве, нека си купи. Тој си замина од Јувентус, па се врати, значи почнува од почеток, исто како да не бил тука претходно. Кјелини е со најдолг стаж во клубот, по него е Дибала“, рече Алегри.

- Оглас -

Најнови вести