Алегри: Поважен ни е мечот со Јанг бојс отколку со Интер

Јувентус и Интер вечерва го играат „Дербито на Италија“, тој дуел секогаш е нешто повеќе од обичен првенствен меч, но за тренерот на првакот, Масимилијано Алегри, неговиот тим за пет дена ќе игра еден дуел кој е поважен од овој вечерашниот.

„За мене, многу поважен е мечот во среда против Јанг бојс. Таму мора да го осигуриме првото место во групата од ЛШ. Многу е важно да се биде прв и да не избегнат најсилните тимови во осминафиналето“, изјави Алегри.

Навивачите на Интер веројатно ова ќе го сфатат како провокација и долевање масло пред вечерашната пресметка на „Алијанц“ во Торино помеѓу два тима кои се на 11 бода разлика на табелата. Потоа Алегри се осврна и на она што му претстои вечер.

„Јувентус и Интер, заедно со Милан, се клубовите кои ја пишуваа историјата на италијанскиот фудбал. Интер и Наполи се нашите конкуренти во Лигата, имаат добри играчи на сите позиции, ќе се обидеме да им ги искористиме слабостите. Спалети прави добра работа во Интер, но ние мора да бидеме мирни и да продолжиме со исто темпо. Титулата не се освојува сега, има уште многу за играње“, рече Алегри, кој нема да смета на Барцаљи, а веројатно ниту на Бентанкур.

- Оглас -

Најнови вести