Алегри веќе не е толку сигурна опција за Јувентус, можна е сензација од прва класа

Андреа Пирло сигурно ќе си замине од Јувентус, а од Италија доаѓа сензационална најава дека е можно да го наследи Антонио Конте. Сегашниот тренер на Интер веројатно ќе му се радува на ново Скудето, сезонава со Интер и ќе ја прекине 9-годишната доминација на Јувентус што почна токму со него како тренер во 2011 година.

Прв фаворит за наследник на Пирло останува Масимилијано Алегри, кој и беше тренер на Јувентус пред сегашниот кормилар, па најверојатно сега ќе се сменат улогите.

Сепак Медијасет и Кориере дело Спорт најавуваат дека е можна и сензација и кам-бек на Конте на клупата на најтрофејниот италијански клуб.

„Масимилијано Алегри е реална опција за Јувентус во овој момент, но внимавајте и на Конте“, пишуваат италијанските новинари.

Конте во 2011 година со првата титула во низата од 9 по ред ја најави апсолутната доминација на Јувентус во Калчото, а остана до 2014 година и во секоја од нив беше шампион на Италија.

Потоа го наследи Алегри, кој додаде уште 5 Скудета во богата колекција со трофеи на Старата дама, но беше заменет со Пирло, кој ќе ја прекине низата од 9 пехари во Серија А по реда на Јувентус.

 

 

- Оглас -

Најнови вести