Алегри: „Заслужено дојдовме до реми“

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, е задоволен од нерешениот резултат против Севиља, со оглед на тоа што неговата екипа губеше сè до 97-мата минута.

„Мојата екипа добро ја чуваше топката сè до голот, но во нападот правевме многу грешки. Ни дадоа гол преку контранапад бидејќи оставивме премногу простор. Добро возвративме и се изборивме за заслужено реми, кое нè остава во игра за вториот натпревар“, вели Алегри.

Тој се осврна и на играта на Пол Погба, кој поради повреда, синоќа го одигра само осмиот натпревар оваа сезона.

„Одличен е кога имаме посед на противничката половина. Ако беше во подобра состојба секако дека секогаш ќе игра во стартните 11. Вечерва даде голем придонес“, задоволен беше тренерот на Јувентус од настапот на Погба.

- Оглас -

Најнови вести