Александар Трајковски се сели во Данска

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски ја напушта Мајорка и ќе го носи дресот на данскиот Алборг. Ова е најавата од данските медиуми кои тврдат дека станува збор за позајмица на македонскиот напаѓач во данскиот тим.

Трајковски е во плановите на тренерот на Мајорка, па нашиот офанзивец мора да си пронајде друга средина ако сака поголема минутажа. Преговорите за позајмица во Алборг се во финална фаза и наскоро може официјално да биде објавен договорот.

- Оглас -

Најнови вести