Алелуја: Прва победа на Еспањол во 2026 година

Еспањол го победи Атлетик Билбао со 2-0 и ја прекина неверојатно лошата серија натпревари без победа во шпанската лига. За тимот од Барселона, ова е прва победа во календарската 2026 година, речиси пет месеци немаа победа, црната серија беше 18 меча по ред без победа, па овој триумф им е многу важен во битката за опстанок.

Интересно е и дека и претходната победа на Еспањол на 22-ри декември, беше истотака против Атлетик Билбао, тогаш со 2-1 на гостински терен, а и тогаш и вечерва гол даде Пере Милја.

Ситуацијата на табелата во Ла Лига е таква што Еспањол може да испадне, има само три бода над опасната зона, но истотака е на три бода и од место во европските купови.

- Оглас -

Најнови вести