Алиоски потпиша двегодишен договор и испрати порака до сите фанови на Ал-Ахли (Видео)

Езџан Алиоски во следните две сезони ќе го носи дресот на Ал-Ахли. Популарниот Џани веќе потпиша двегодишен договор, а засега уште не се знае кој број ќе го носи.

Алиоски во Ал-Ахли доаѓа како слободен играч откако претходно помина четири сезони во англискиот Лидс јунајтед.

„Многу сум возбуден да го започнам новото поглавје во мојата кариера. Поздрав до сите навивачи членови на Ал-Ахли. Наскоро се гледаме во Џеда“, порача Алиоски во видеопораката.

- Оглас -

Најнови вести