Лидс води со 1-0 на паузата на гостувањето кај Барнли, а водството на тимот на Марсело Бјелса можеше да биде двојно доколку Езѓан Алиоски ја искористеше убавата шанса во 34-тата минута.
Македонскиот репрезентативец беше осамен на работ од шестнаесетникот и доби топка, шутот од прва не помина според планот, па наместо во рамките од голот, заврши далеку во подалечниот аут.