Алисон сам се повреди, Ливерпул мораше да менува голман во првото полувреме (Видео)

Ливерпул убедливо го гази Норич со 4:0 по првото полувреме, но и стравува по повредата на голманот Алисон Бекер. При обид за дегажман, Бразилецот сам се повреди, а настрада левата нога и веријатно во прашање е скочниот зглоб.

Повредата се случи во 39. минута, при резултат 3:0 за Ливерпул со Норич на премиерниот меч од Премиерлигата, а потоа и Ориги погоди за убедливи 4:0 по првиот дел.

На местото на повредениот Алисон на голот на Ливерпул е Адријан. Моментот кога Алисон се повреди можете да го погленднете ОВДЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести