Алвес: Отворен сум за понуди, ако ме побара „Марка“, нема да можам да кажам не

Најкорисниот фудбалер на штотуку завршената Копа Америка, десниот бек на Бразил, Даниел Алвес, по заминувањето од Пари Сен Жермен, нема клуб, но иако има 36 години, секако ќе најде соодветно место. Особено е примамлив што би дошол гратис, без обесштетување.

За него се интересираат многу клубови, меѓу кои и Интер, Фенербахче, шпански клубови, но засега со никого не е договорен.

Дани, кој во Шпанија играше за Севилја и Барселона, по финалето на Копа против Перу даде изјава за шпанскиот весник „Марка“ и на шега порача дека ако го викнат од таму да стане новинар, би им се придружил.

„Немам клуб, невработен сум. Ќе видиме дали некој ќе сака да ме вработи. Отворен сум за понуди, ако „Марка“ ме сака во своите редови и ми понуди место, нема да можам да кажам не“, рече легендата која во кариерата освои дури 40 пехари, што е светски рекорд.

- Оглас -

Најнови вести