Алжирците подобри пеналџии од Слоновите (видео)

Алжир го елиминираше Брегот на Слоновата Коска по изведување на пеналите во четвртфиналната пресметка на Афкон. Двете селекции беа неразделни по регуларните 90 минути, во кои резултатот беше 1-1, а откако победникот не се доби ни во дополнителните 30 минути, беше јасно дека следува пенал-рулетот.

Прво Фегули донесе предност за Алжир откако ја затресе мрежата на Слоновите во 20-тата минута, а Коџа израмни дури по еден час игра. Претходно Алжир пропушти шанса да дојде до 2-0, Бунеџах утна пенал во 48-мата минута, но сето тоа се заборави по пенал-серијата, во која репрезентативците на Алжир шутираа без грешка сè до петтата серија, додека Бони и Дие се трагичарите на БСК.

Алжир во полуфиналето ќе се сретне со репрезентацијата на Нигерија, додека Сенегал го чека противникот во второто полуфинале, а ќе го добие по мечот меѓу Мадагаскар и Тунис, кој моментално се игра.

https://streamable.com/h2nne

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести