Американски борец почина по еден и пол месец откако беше нокаутиран (Видео)

Американецот Џастин Торнтон почина на 38-годишна возраст како последица од нокаутот со кој го загуби својот меч против Дилон Клекер во бокс без ракавици (Bare Knuckle) пред еден и пол месец.

На 20 август во Мисисипи, Торнтон беше нокаутиран само по 19 секунди во рингот и веројатно при падот на земја го повреди ’рбетот. Тој беше делумно парализиран, повредата се инфицирала и по неколкунеделна борба во болница, тој, за жал, почина.

Торнтон во минатото беше и ММА борец. На 24 борби во помалите промоции имаше 6 победи и 18 порази.

- Оглас -

Најнови вести