Амир Кан верува во теории на заговор – Коронавирус е мамка за 5Г мрежа, сакаат да се ослободат од нас

Амир Кан верува во теории на заговор и објави серија видеоматеријали во кои тврди дека епидемијата на Коронавирус е намерно направена за да се стават луѓето во карантин и во меѓувреме да се тестира 5Г мрежата.

Боксерскиот шампион и еден од најдобрите во историјата на британскиот бокс тоа го тврдеше и за претходните генерации на технолошки изуми во мобилната телефонија.

„Коронавирусот е намерно предизвикан вирус од светски моќници кои ги ставија луѓето во карантин за да можат непречено да ја тестираат 5Г мрежата. Сакаат да се ослободат од нас луѓето“, вели Кан.

Во Велика Британија имаше информации дека на некои места е запалена дел од инфраструктурата што е поставена за да може да функционира најновата технолошка генерација во мобилната телефонија.

Кан планираше на крајот од оваа година да се пензионира бидејќи веќе има 33 години, но одлучи да го пролонгира заминувањето од боксерската сцена за идната година.

- Оглас -

Најнови вести