Аналитичарите не веруваат во Македонија, ѝ даваат минимални шанси да игра на ЕП 2024 (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија е аутсајдер во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 кое треба да се игра во Германија, смета специјализираната интернет-страница за фудбалска аналитика We global football.

Според We global football, избраниците на селекторот Благоја Милевски имаат само 4,32 отсто шанси да обезбедат пласман на Европското првенство.

Најголеми фаворити за освојување на првите две места во групата Ц, кои носат пласман на континенталниот собир, се Италија и Англија. На Англичаните им се даваат 90,88 отсто, додека Италија има 88,36 отсто да игра на ЕП 2024.

Трет фаворит во групата е Украина со 16,36 отсто, по што следува Македонија, а Малта има само 0,08 отсто шанси.

Македонија квалификациите ќе ги започне в четврток, кога на Националната арена „Тодор Проески“ ќе ја пречека Малта. Стартот на натпреварот е закажан за 20:45 часот.

- Оглас -

Најнови вести